Главна страница


Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може
имаме статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
„Ctenophorae“ од делото на Ернст Хекел Kunstformen der Natur, од 1904 год.

Реброносци (науч. Ctenophora) — колено морски безрбетни животни. Реброносците се најголемите животни кои пливаат со помош на трепки (цилии), кои, кај овие животни, се нарекуваат уште и „чешли“. Во зависност од видот, возрасните реброносци имаат должина од неколку милиметри до 1,5 метри. Досега се потврдени само 100 до 150 видови кои припаѓаат на ова колено, а уште 25 други не се целосно опишани и именувани. Најпознати претставници на ова колено се цидипидите (ред Cydippida), кои имаат јајцевидно тело и еден пар на големи пипала со ресички од мали пипала кои се покриени со колобласти, лепливи клетки кои служат за фаќање на пленот. Нивните тела се изградени од желатинозна маса, која од надворешната страна е покриена со два слоја на клетки, а од внатрешната страна со еден слој на клетки кој ја обложува внатрешната празнина. Припадниците на ова колено имаат разновидни форми на телото, од јајцевидните цидипиди до сплесканите платиктениди и широкоусните бероиди.

Речиси сите реброносци се грабливци, а пленовите може да варираат од микроскопски ларви и ротифери до возрасните единки на малите видови на ракови; исклучоци се младенчињата на два вида кои живеат како паразити на салпи кои се храна за возрасните единки на нивните видови.

И покрај тоа што имаат меки, желатинозни тела, пронајдени се фосили на реброносците во лежиште кои датираат од раниот камбриум, пред околу 525 милиони години. Положбата на реброносците во „дрвото на животот“ одамна е тема на дебата на молекуларните филогенетски студии. Според најновите хипотези за еволуцијата на животинските организми, реброносците ја сочинуваат втората најрана животинска група која се појавила веднаш после сунѓерите. Порано се верувало дека реброносците се појавиле пред сунѓерите во еволуцијата, кои самите се појавиле пред раздвојувањето на жаркарите и двостраните животни. Меѓутоа, повторната анализа на податоците покажала дека компјутерските алгоритми кои се користеле во анализата биле наведени кон погрешен резултат поради присуството на специфични гени на реброносците, кои биле значително поразлични од оние на другите испитувани видови. Неодамнешна молекуларно-филогенетска анализа заклучила дека заедничкиот предок на сите современи реброносци бил сличен на денешните цидипиди, и дека сите современи групи на реброносци се појавиле релативно неодамна, веројатно по масовното кредско–терциерното изумирање, пред 66 милиони години. Од 1980-тите години па навака, акумулирани се докази дека цидипидите не се монофилетична група на организми, со други зборови оваа група не ги опфаќа потомците на еден заеднички предок. (Дознајте повеќе...)

· ·


Слика на денот
House of Blackheads and St. Peter's Church Tower, Riga, Latvia - Diliff.jpg
Домот на Црноглавите и кулата на црквата „Св. Петар“ во Рига, Латвија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Разнобојни компири
·
На денешен ден…

Денес е 18 2022 г.

Настани:

1903 САД потпишаа договор со Панама, со што добија неограничено право за користење на Панамскиот Канал.
1991 Српските сили го освоија хрватскиот град Вуковар, по 87-дневна опсада.
1997 Делегација на Армијата на Република Македонија, при посетата на Турција, го пронајде и го фотографира крушевското црешово топче од периодот на Илинденското востание. Црешовото топче е пронајдено во Воениот музеј на Армијата на Турција.
2012 Теодор III избран за патријарх на Коптската православна црква.
Марк Твен во 1867 година

Родени:

1874 Крсте Петков Мисирков — македонски лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист и политички борец за македонската национална афирмација.
1905 Јован Поповиќ — српски и југословенски писател.
1906 Клаус Ман — германски писател.
1928 Александар Ежов — македонски книжевен критичар.
1936 Дон Чери — американски џез-музичар.
1939 Маргарет Етвуд — канадска писателка, критичарка и есеистка.
1950 Греам Паркер — англиски поп-пејач.
1960 Александар Донски — литературен преведувач, писател и историчар.
1960 Ким Вајлд — англиска поп-пејачка.
1962 Кирк Хамет — американски гитарист, член на групата „Металика“ (Metallica).
1963 Петер Шмајхел — дански фудбалер.
1966 Зоран Савиќ — српски кошаркар.
1968 Овен Вилсон — американски глумец.
1983 Мајкл Доусон — англиски фудбалер.
1985 Алисон Феликс — американска атлетичарка.

Починале:

1922 Марсел Прустфранцуски писател и академик.
1936 Ганчо Хаџипанзов — македонски револуционер и поет, учесник во Шпанската граѓанска војна.
1952 Пол Елијар — француски поет.
1962 Нилс Бор — дански теоретски физичар — основач на теоријата за структурата на атомот.
1976 Мен Реј — американски фотограф.
1986 Љупчо Арсов — македонски политичар.
1991 Густав Хусак — претседател на Чешка.
1994 Кеб Келовеј — американски џез-пејач.
2002 Џејмс Кобурн — американски глумец.
2005 Ангел Чемерски — македонски револуционер и политичар.
2007 Томо Софрониевски — македонски првоборец и политичар.
2008 Бранко Гапо — македонски филмски режисер.
2017 Наим Сулејманоглу — турски кревач на тегови.
Што е Википедија?

е енциклопедија напишана преку соработка на . Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот !

Содржина и помош

· · · · · · · · · · · ·

Природни науки
· · · · · ·
· · ·

"Општествени науки"

Општествени науки
· · · · · · · ·

"Географија"


· · · · · ·

"Технологија и применети науки"

и применети науки
· · · · · ·

"Уметност и култура"

и култура
· · · · · · · · · · ·

Други области
  • — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:


Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини

Вести со права за слободна употреба

Речник и лексикон

Збирка на цитати

Учебници и прирачници со права за слободна употреба

Библиотека на дела со права за слободна употреба

Именик на видови

Материјали и активности за учење со права за слободна употреба

Усогласување на проектот „Викимедија“

База на слободни знаења

Отворен туристички водич