Избрана статија за оваа седмица
|
Молња — моќен ненадеен тек на електрична искра (електростатично празнење) придружено со татнеж или гром кои се слушаат за време на бурата. Празнењето ќе се движи низ електрично наелектризирани области во самите кумулонимбуси, или од еден облак до друг облак, или меѓу облак и површината на Земјата. Наелектризираните облсти во атмосферата се ослободуваат од полнежот преку молњите или електричните празнења, често нарекувани удар на гром доколку погоди некој предмет или живо суштество на површината. Постојат три основни видови на молњи, во самиот облак (СО), од облак до облак (ОО) и меѓу облак и Земја (ОЗ). Иако молњите секогаш се придружени со звук на татнеж, оддалечените молњи можат да бидат видени но не и слушнати.
На Земјата, фреквенцијата на молњите е 40–50 празнења во секунда или приближно 1,4 милијарди празнења годишно, и со просечно времетраење од 30 микросекунди. Вообичаениот блесок на молња од облак до површината на Земјата кулуминира со создавањето електрично спроводлива плазмен канал низ воздухот со висина од 5 км, од внатрешноста на облакот па се до површината на Земјата. Процесот кој се одвива при крајната фаза е доста сложен процес.
Молњите најчесто се создаваат кога топол воздух се меша со поладни воздушни маси, што доведува до нарушувања кои ја поларизираат атмосферата. Но истите можат да се случат и при песочни бури, шумски пожари, торнада, вулкански ерупции, дури и при студовите во зима,тогаш молњата се нарекува снежна молња. Ураганите вообичаено создаваат молњи најчесто во дождливите делови оддалечени 160 км од центарот.
Науката која се занимава со проучување на молњите се нарекува фулминологија, а стравот од молњите се нарекува астрафобија. (Дознајте повеќе...)
|
Дали сте знаеле…
|
Занимливости од содржините на Википедија:
|
На денешен ден…
|
Денес е 5 октомври 2022 г.
Настани:
| 1502
|
На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја откри Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка.
|
| 1582
|
Според предлозите на комисија од врвни астрономи, папата Григориј XIII извршил реформа на јулијанскиот календар поради разликата во траењето на календарската (јулијанска) и природната година. Поради тоа, во Италија, Полска, Португалија и Шпанија деновите од 5. до 14 октомври во 1582. година се прескокнати.
|
| 1864
|
Индискиот град Калкута е скоро целосно уништен од циклон; 60.000 жртви.
|
| 1910
|
Португалија ја отфрла монархијата и се прогласува за република.
|
| 1912
|
Потписничките на Балканскиот сојуз-Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција и предадоа ултимативна нота на Турција, по што почна Првата балканска војна.
|
| 1915
|
Бугарија влегува во Првата светска војна како една од Централните сили.
|
| 1962
|
Во Велика Британија е прикажан првиот Џејмс Бонд филм, „Д-р Но“.
|
| 1991
|
Издадена е првата официјална верзија на Линуксово јадро, верзија 0.02.
|
| 1994
|
Во Лондон е отворена првата презентација на предмети од бродот „Титаник“, што потона пред 82 години. Изложбата „Остатоците од Титаник“ поставена во националниот поморски музеј во Гринич, прикажува околу 150 од вкупно 3.600 предмети извадени од морското дно, откако бродот беше откриен во 1985 година.
|
| 1995
|
Собранието на Република Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Република Македонија.
|
| 1997
|
Египетски официјални претставници соопштија дека почнува нова потрага по гробот на Александар Македонски во срцето на средоземниот град Александрија, што тој го основал во 332 година п.н.е.
|
| 2007
|
На Градскиот стадион во Скопје, пред повеќе од 25,000 посетители, македонската музичка суперѕвезда Тоше Проески го одржува својот последен концерт; концертот е од хуманитарен карактер и е наменет за обнова на основните училишта во земјата.
|
Родени:
Починале:
Празници:
|
|
|
Други области
|
- Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
|
|